ТРЕНДАФИЛ ИВАНОВСКИ:Законот за јазици е неуставен и е донесен по насилен пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот судија во Уставниот суд Трендафил Ивановски во изјава во вестите на ТВ Телма, рече дека Законот за употреба на јазиците во повеќе делови излегува од Уставот.


Смета дека, главниот проблем е бројот на пратеници со кој што законот за јазици се донесен. Тој вели дека овој закон треба да се донесе со 2/3 мнозинство затоа што со него се уредуваат прашања за употреба на јазикот во судските постапки како и во органите на државната управа и општините кои според Уставот се уредуваат со закони кои се донесуваат со двотретинско мнозинство.

-И покрај тоа што категорично не е подвлечено во Уставот дека овој закон се донесува со двотретинско мнозинство, но самиот карактер, правниот карактер го покренува тоа прашање, кажа Ивановски.

Поранешниот Уставен судија смета дека треба да се земе во предвид целата постапка и начин на кој е донесен, бидејќи опозицијата не била присутна при гласањето.

Според Ивановски целиот начин е спорен и вели дека доколку Заев останал на ветувањето дека тој ќе биде во рамки на Уставот кој ги уредува основите за употребата на македонскиот јазик и јазиците на другите националности се ќе беше во ред. Но, сега непотребно во овие прашања навлегува политиката се со цел на набивање на рејтинг на одредени политичари и политички партии. Смета дека од овој закон зависи опстанокот на државата.

Поранешниот Уставен судија констатираше дека законот е донесен по еден насилен и дека покрај тоа што не е потпишан указот и не е објавен во Службен весник тој веќе започнал да се применува.

-Како да имаше едно насилие што побрзо да се изгласа. Иако е изгласан се уште не е попишан указ, не е објавен законот веќе почна и да се применува, беше дециден Ивановски.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This