ТРУЕЊЕТО БИ МОЖЕЛЕ ДА ГО НАПРАВАТ ТРИ ЗЕМЈИ: Француски генерал смета дека позади труењето на Скрипаљ стои САД, Израел или Велика Британија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Труењето на бившиот руски разузнавач Сергеј Скрипаљ во Солзбери би можеле да го изведат специјалните служби на САД, Израел или Велика Британија, вели францускиот генерал Доминик Делаверд

Генералот Делаверд претстави неколку верзии за случајот Скрипаљ во текст кој го објави АСАФ. Според мислењето на францускиот офицер, Русија не само што нема никакви врска со труењето на Скрипаљ, туку нема врска ниту со нервниот гас „новичок“.

„Таа супстанца стана понзата во широката јавност благодарение на изјавите на рускиот дисидент Вил Мирзајанов, бивш воен хемичар од деведесетите години на минатиот век. Тој во 2007. година во САД ја објави книгата ‘Државна тајна’ во која наведе неколку хемиски формули како потврда за своите наводи. Ако тоа се потврди, испаѓа дека ‘новичок’ од 2007. година престанал да биде исклучиво руски изум и би можело да го произведе било кој“, пишува генералот.

Тој поставува прашање, зошто претседателот на Русија, макар и теоретски, би одобрил ликвидација на Сергеј Скрипаљ, кој во 2010 година е помилуван и веќе долго време не претставува закана, посебно 16 дена пред изборите.

Тој наведува дека позади убиството на Скрипаљ би можело да стои Израел, САД и Велика Британија.

„Силната алијанса помеѓу Русија, Башар ал Асад, Иран и Хезболах не му се допаѓа на Израел. Треба само да се прочитаат израелските медиуми, па да се уверите во тоа. Русија е таа алка во тој сојуз поради која американско-израелскиот план за цепење на Сирија не е постигнат и по седум години војна. Многубројните посети на Нетанјаху кај Путин со цел да го убеди да ја препушти Сирија и Иран не вродија со плод. И на крајот требаше да се направи нешто и да се засили притисокот на него за да го отфрли тој терет“, смета Делаверд.

„Зголемувањето на притисокот до максимум со закани до Русија е дел од интересите на САД. Како што тоа е провоцирање и на голема криза помеѓу ЕУ и Русија. Ако Амерканците одлучиле да лажат, тие во криминална истрага можат да подметнат снимки од телефонски разговори на руски јазик помеѓу наводни убијци. Тие нивни антируски обвинувања ќе бидат само засилување“, напишал генералот.

Третата држава која би можела да го отруе Скрипаљ е Велика Британија каде и се случило труењето. Тој смета дека специјалните служби на Тереза Меј би можеле да работат во интерес на САД или Израел.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This