ТУНТЕВ И ГРУБИ НЕ ГИ УСОГЛАСИЛЕ СТАВОВИТЕ: Едниот вели законот за двојазичност е само за албанскиот јазик, другиот се правда дека не било така!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека едниот вели дека било лага тоа што законот за јазиците се носи само во корист на албанскиот јазик, а сите други јазици се деградираат, претставникот на албанскиот дел од владеачката коалиција вели дека со овој закон ќе се уредуваат прашањата поврзани само со албанскиот јазик, бидејќи тоа е единствениот јазик кој го зборуваат повеќе од 20% од населението

 

 

Иако не одговори на прашањето од каде е информацијата за тоа дека во Македонија живеат повеќе од 20% Албанско население, имајќи во предвид дека последниот попис е направен во 2002-та година и тоа под силен притисок на меѓународната заедница, со големи сомнежи за фалсификувани податоци, но и со оглед на фактот дека по сите вркстени податоци од институциите кои ги водат матичните книги и базите на податоци за граѓаните на Р.Македонија во државата нема повеќе од 18% Албанско население.

Иако Артан Груби од ДУИ јасно кажа дека со законот за јазиците се уредува употребата на Албанскиот јазик, односно на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од населението, координаторот на пратеничката група од СДС Томислав Тунтев се обидуваше да објасни дека тоа не било така, и дека со овој јазик ќе унапреди користењето на јазиците на сите етнички заедници во Македонија.

Сепак, на прашањето дали тоа значи дека во Старо Нагоричане каде што мнозинството се Срби, униформираните лица ќе имаат ознаки испишани на Македонски и Српски јазик, Тунтев се обиде да го избегне прашањето банализирајќи го дека сега не станувало за тоа збор.

Законот за двојазичност е дел од Тиранската платформа, која беше клучен документ за формирање на владиното мнозинство, а беше отфрлена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Репортер
Борислав Стоилковиќ

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This