Турска пратеничка се врза со лисици за говорницата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една турска пратеничка се врзала вчера со лисици за микрофонот на говорницата на Парламентот, поради протест за уставните реформи со кои треба да се прошират овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пренесуваат локалните медиуми.

turska-pratenicna-lisici-govornica-03
Ајлин Назлиака, независна пратеничка во турскиот парламент, се врзала со лисици за микрофонот на говорницата во собраниската сала, во моментот кога продолжило гласањето за измени во уставот, поради што седницата била прекината.

-Се врзувам за говорницата за да кажам “не” за диктатурата на еден човек, да се спротивставам на уништувањето на републиканските вредности и да протестирам против оковувањето на Парламентот со оваа уставна измена, рекла таа, пренесува Хуриет.

Предлогот за уставни реформи кои треба да воведат во претседателски систем со шеф на држава како единствен лидер на извршната власт, предизвикал судири во парламентот за време на првото читање. На еден пратеник му бил скршен носот, а друг кажал дека здобил со рани.

Од 18 членови кои ги претставуваат нацрт-реформите, седум биле усвоени со доволно мнозинство од три петини од пратениците во второто читање. Доколку сите членови бидат усвоени, пратениците ќе гласаат последен пат за текстот во целина, кој доколку добие доволно гласови, ќе биде поднесен на референдум на пролет. Парламентарното мнозинство ја претставува оваа реформа како неопходна да се гарантира стабилноста во државниот врв, но опозицијата ја критикува и ја гледа како засилување на автократијата на Ердоган.

Според уставните реформи, Ердоган во теорија може да се одржи на власт во 2029. година, и може да именува и отпушта министри, како и еден или повеќе потпретседатели. Тој исто така може директно да интервенира во областа на судството и да промовира укази.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This