April 16, 2024, 10:49 pm

„ТУРСКИ ТЕК“ ПРИСТИГНА ВО ТУРЦИЈА: Изградбата на гасоводот се одвива брзо, до 2019 целиот гасовод треба да биде завршен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Гаспром“ ја заврши изградбата на морскиот дел на „Турски тек“ на територија на Русија. Првиот крак од гасоводот влезе во турската економска зона, соопшти компанијата „Јужен тек“ (ќерка фирма на „Гаспром“ која го гради гасоводот)

„Пајониринг спирит“, најголемиот брод на светот кој се бави со поставување на цевките, го одбележа овој јубилеј со поставување на цевки во морето со руското и турското знаме кои го симболизираат поминувањето на границата на ексклузивната зона помеѓу двете држави, се наведува во соопштението.

„Гаспром“ веќе изгради 448 километри од „Турскиот тек“. Како што се наведува, изградбата се изведува по планот – за помалку од половина година изградена е речиси четвртина од трасата во морскиот дел.

Сега бродот ќе продолжи да поставува цевки до турскиот брег. Двата краци на гасоводот ќе излегуваат на копно недалеку од местото Кијкеј.

Компанијата која го управува бродот „Олсиз“ поставува во просек по четири километри дневно. Притоа, оваа недела „Олсиз“ постави нов рекорд со изградба на 5.15 километри за еден ден – 1 ноември. Длабочината на Црното Море на границата со економската зона помеѓу Русија и Турција изнесува 2171 метри – тоа е еден од најдлабоките делови на „Турскиот тек“.

Изградбата на првиот крак со јачина од 15.75 милијарди кубни метри се предвидува да заврши до март наредната година. Истиот е наменет за испорака во Турција. Другиот крак со иста јачина по кој ќе поминува гасот до јужна и југоисточна Европа треба да биде завршен до 2019. година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This