ТУРЦИЈА ГИ ОСУДИ НОВИНАРИТЕ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР: Поради обидот за државен удар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот суд осуди шестмина обвинети, меѓу кои и тројца истакнати новинари, на доживотен затвор поради наводите за вмешаност во обидот за државен удар од 2016 година, предизвикувајќи жестока осуда од поддржувачите на ОН и слободата на печатот, пренесе Гардијан.

Пресудите следеа по неколку месечното судење во кое обвинителството тврдеше дека новинарите испратиле „сублиминални пораки“ преку телевизиски настапи и колумни во весници повикувајќи на соборување на владата и одржувале контакти со членови на мрежата на Фетула Ѓулен, движење за кое на широко се верува дека во Турција го оркестрирало обидот за државен удар.

Првата пресуда на медиумски личности во врска со неуспешниот пуч претставува голем пораз за слободата на медиумите во земјата-членка на НАТО, којашто презеде мерки против дисидентите после обидот за државен удар. Најмалку 73 новинари се позади решетки, според Комитетот за заштита на новинарите, кој ја рангира Турција како најлоша во однос на затварање на новинарите во светот, пред Кина и Египет.

Меѓу осудените истакнати новинари се браќата Ахмет Алтан и Мехмет Алтан, кои се притворени од 2016 година и Назли Иличак. Пресудата е спротивна на наредбата на највисокиот суд во Турција за ослободување на Мехмет Алтан, откако минатиот месец беше откриено дека неговото затворање ги повредило неговите уставни права.

Репортери без граници (РСФ) на Твитер напишаа дека ова е „црн ден“ за слободата на печатот во Турција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This