ТУРЦИЈА ДОБИВА РУСКИ С-400: Испораката на С-400 од Русија за Турција почнува во јули наредната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Испораката на руските противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“ на Турција е планирана за јули 2019 година, напиша раководителот на Секретаријатот за одбранбена индустрија на Турција Исмаил Демир на својот профил на „Твитер“.


„Го поместивме рокот за испорака на системите С-400 кој во договорот со Русија беше предвиден за јули идната година“, соопшти Демир.

Претседателот на Русија Владимир Путин, кој престојува во посета на Турција, изјави дека е постигнат конечен договор за цената на системот.

Москва изрази подготвеност на молба на Анкара да ја забрза испораката.

Договорот за испорака на С-400 на Турција беше потпишан во декември минатата година

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу говорејќи претходно за настојувањето на неговата земја да го засили својот систем за противвоздушна одбрана наведе дека руските системи за ПВО-ПРО се одбрани за купување затоа што понудата од САД предизвикувала недоумици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This