ТУРЦИЈА ЈА УДИРА ЕУ КАДЕ ШТО БОЛИ: Анкара со нова закана кон Брисел, ќе ви ги пуштиме бегалците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку Турција се реши да им дозволи на мигрантите да ја напуштат нејзината територија и да се упатат кон ЕУ, меѓу земјите кои први ќе бидат на удар од мигрантскиот бран на европско тло е и Македонија.

354787-shto-kje-znachi-padot-na-alepo-za-sirija-i-za-svetot

Турција ја држи Европската унија во мал прст, со оглед дека се наоѓа во позиција лесно да поставува услови бидејќи во секој момент може да се случи милиони бегалци кои засега се на турска територија, да добијат зелено светло од Анкара и да тргнат кон ЕУ. Последната таква закана ја упати турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.

Незадоволен од досегашниот тек на разговорите за визна либерализација за турските граѓани кои сакаат да патуваат на теротиријата на ЕУ, Чавушоглу се закани повторно со бегалците, односно со ревидирање на спогодбата меѓу Брисел и Анкара за мигрантите.

sirija-begalci

Турција може да ги ревидира или целосно да ги прекине сите договори во рамки на спогодбата со Европската унија за мигрантите, доколку Унијата не даде позитивен одговор за безвизниот режим за турските државјани – изјави денеска Чавушоглу.

Во интервју за телевизијата „А Хабер“, Чавушоглу изјави дека спогодбата за мигрантите и визната либерализација се пакет и додаде дека право на Турција е да ја преразгледа или да ја прекине спогодбата, доколку некои елементи не се исполнети.

n_85102_1

Чавушоглу исто така нагласи дека Турција сега нема проблеми со Русија и може да ја зајакне соработката со Москва за примирје и политичко решение на кризата во Сирија.

Доколку Турција се реши да им дозволи на мигрантите да ја напуштат нејзината територија и да се упатат кон ЕУ, меѓу земјите кои први ќе бидат на удар од мигрантскиот бран на европско тло е и Македонија. Нашата држава е дел од т.н. балканска рута, по која во екот на миграцискиот бран поминаа стотици илјади мигранти, претежно од Сирија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This