ТУРЧИНКИТЕ КРЕНАА ГЛАС ВО АНКАРА: „Не ми се мешај во облеката“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку стотици Турчинки се собраа на митинг во Анкара, барајќи слобода во облекувањето, по серијата напади врз жените низ Турција, јави Франс прес.

Демонстрантите, претежно жени, шетаа низ главните улици на Анкара носејќи го слоганот „Не ми го пипај шорцот“ и „Не ми се мешај во облеката“ повикувајќи ги мажите да не ги напаѓаат поради начинот на кој се облекуваат.

„Излеговме на улица за иднината на нашите деца. Од сега па натаму почесто ќе нè има на улиците“, изјави една од организаторите, Рукије Акер.

Слични протести се одржаа минатата недела во Истанбул и Измир.

Во последниве неколку месеци во Турција се случија неколку напади врз жени, особено во јавниот транспорт.

Еден патник во јуни удри млада Турчинка бидејќи била облечена во кратки панталони, за што тој сметал дека е непригодно поради муслиманскиот месец на постот рамазан.

Активистите за правата на жените ја обвинуваат конзервативната влада во Турција дека создава атмосфера на неказнивост за сторителите, иако турските власти редовно ги осудуваат таквите напади.

Овие активистки минатата година беа огорчени од претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека жените во Турција се „некомплетни ако немаат деца“.

Ердоган неделава пропиша и како осомничените ќе смеат да бидат облечени во судница. „Пучистите“ ќе носат комбинезони, а „терористите“ панталони и кафеави сакоа, одреди турскиот претседател.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This