ТУТУНАРИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ОТКУПУВАЧИТЕ: Постигната задоволителна цена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тутунарите годинава задоволни од цената и од текот на откупот на тутунот. Вкупно 6.040 тони тутун или над 30 отсто од очекувањата за годинашната реколта се откупени заклучно со 3 декември или за неполни три недели од почетокот на откупот на 15 ноември.

tutunari

Просечната откупна цена е 190,15 денари за килограм, количините ги преземаат осум откупувачи, а исплатата е реализирана 46,44 отсто со префрлени 533 милиони денари. Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 250 денари за килограм тутун.

Како што се оценува, годинашната реколта тутун е со исклучително добар квалитет и се очекува таа да резултира со откупени 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишале 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември.

Право на откуп има секое претпријатие кое претходно обезбедило средства за таа намена, а имајќи го предвид високиот квалитет на годинашниот род, интересот за откуп на “жолтото злато” е многу голем. Прилепските тутунари задоволни од откупната цена постигната за оваа година и од обезбедените субвенции од 60 денари за килограм. Просечната цена за откуп на тутунот во земјава во моментов изнесува 190,15 денари, но дел од тутунарите рекоа дека постигнале цена од 196 денари и оти очекуваат таа да достигне и над 200 денари.

-Многу е подобро од пред 10 години, рече еден прилепски тутунар изразувајќи задоволство од постигнатата цена и од условите за откуп особено во последниве години.

Цената е одлична годинава, оцени уште еден од прилепските тутунари, додавајќи дека оваа година и Комбинатот ја зголемил сумата за два до три денари.

Во регионот на Василево тутунот се откупува по просечна цена од 210 денари по килограм.

-Задоволни сме од досегашниот тек на откупот на тутунот. Нашите претставници кои се распоредени на откупните пунктови немаат забележано проблеми. Просечната цена изнесува 210 денари, од кои прва класа 270 денари за килограм, а втора варира од 200 до 210 денари за килограм. Трета класа има во мали количини, вели Марјан Трајков, претседател на Здружението на тутунопроизводители “Басмак” од Василево.

Иако струмичките тутунари извадиле 2.700 евидентни листови, што е за скоро 300 повеќе од лани, сепак не ја засадиле предвидената декаража. Од “Басмак” очекуваат квалитетот на произведениот тутун да биде добар, доколку помогнат и временските прилики.

Минатата година на ниво на Македонија биле произведени 20 милиони килограми тутун. Годинава иако откупувачите планирале над 22 милиони килограми, се проценува дека ќе бидат произведени околу 18 милиони килограми тутун. Просечната откупна цена на државно ниво беше 190 денари плус субвенциите од 60 денари за килограм.

 

Во моментов откуп вршат шест од вкупно десетте компании кои се во регистарот на МЗШВ. Откупот се врши на 138 ваги во сите делови од државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This