April 18, 2024, 11:07 pm

УАПСЕН СОПСТВЕНИКОТ НА „ФЕНИ ИНДУСТРИ“: Бенџамин Штајнмец уапсен во Тел Авив поради перење пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милијардерот Бенџамин Штајнмец кој што е сопственик на низа компании на Балканот, а кој се бараше со потерница од страна на романските власти е уапсен во Тел Авив за наводно перење пари.

Штајнмец е сопственик на компанијата „Cunico Resources“ која работи на производство на феро-никел и која е активна во Македонија и во Косово.

Како што пренесуваат израелските медиуми Штајнмец заедно со уште тројца бизнисмени бил приведен за испрашување поради потпишување на лажни договори преку кои се переле пари поврзани со копање руда во африканската држава Гвинеја.

Според израелските медиуми во понеделникот биле претресувани домовите на сите четворица уапсени бизнисмени кои се товарат за криминал вреден 150 милиони евра.

Сите уапсени се товарат за корупција во која се инволвирани високи романски претставници а во моментов им се суди во отсуство во Романија.

Според магазинот Форбс Штајнмец е еден од најбогатите луѓе на светот, а во Македонија дел од медиумите го поврзуваа со фирмата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед која сакаше да ја преземе компанијата Макпетрол.

Во земјава Штајнмец преку фирмата „Cunico Resources“ е сопственик на Фени од Кавадарци додека на Косово го поседува рударскиот комплекс „NewCo Ferronikeli“.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This