УБК ОДБЛИЗУ: Објавена првата книга која ги открива тајните на службениците за безбедност „УБК одблизу“ од Љубен Конески

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја објави книгата „УБК одблизу – сеќавање на едно време“ од Љубен Конески, автентична збирка на лични сведоштва и размислувања на еден поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Република Македонија.

Оваа книга е прва од ваков формат во независна Македонија, при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот поминат во редовите на оваа често дискутирана и многу табуизирана професија.

Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба.

Преку оваа книга првпат пред јавноста се откриваат: најавите за воен удар во предвечерието на независноста на Македонија; акцијата за сопирањето на еден конвој на ЈНА и можните инциденти; ретки детали од истрагата за атентатот на Киро Глигоров; лозунгот што беше најстрого чувана службена тајна врзана за смртта на Ј. Б. Тито; контактите на ВМРО–ДПМНЕ со членовите на ДБК; акцијата за одземање на документацијата за испраќање регрути на боиштата во поранешна Југославија; реорганизацијата и трансформацијата на службите за безбедност; вистински примери од отворањето на тајните досиеја; (не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто; активности на странските служби преку пласман на капитал во стопанскиот живот во Македонија; контроверзиите околу панихидата за Методија Кусев, бугарскиот митрополит со потекло од Прилеп.

Љубен Конески е роден во 1954 година во Прилеп. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град. Дипломира во 1978 година на Факултетот за политички науки во Белград, на Катедрата за дипломатија и меѓународни односи. Во 1979 година се вработува во тогашниот РСВР (МВР) во Службата за државна безбедност. Во Службата за безбедност извршувал повеќе работни задачи од аналитичката и оперативната дејност. Книгата „УБК одблизу – сеќавање на едно време“ е негово дебитанско книжевно дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This