УДРИ УРАГАНОТ ,,МАРИЈА“:Порторико во мрак

Поврзано

- Advertisement -
Порторико во мрак поради ураганот „Марија“. Целосно е прекинато снабдувањето со електрична енергија, а поправките може да траат со месеци. Воведен е и полициски час. Ова е најсилната бура во Порторико во последните 90 години.
- Advertisement -

Ураганот „Марија“ ја зеде првата жртва во Порторико. Над 3,5 милиони луѓе се без струја, а делови од островот се соочуваат со катастрофални поплави. Властите проценија дека ќе бидат потребни најмалку 4 месеци да се врати функционалноста на системот за електродистрибуција. Воведен е и полициски час до сабота наутро со цел да се заштити и да се тргне народот од улиците преполни со отпаден материјал, откорнати дрвја и покриви коишто може да бидат фатални при силен ветер.  Отворени се и засолништа за стотици луѓе.

„Го мразам островов. Уништен е, се е отпад. Насекаде има урантини. Сакам да си заминам зашто нема струја, нема училиште, нема ни вода. Не е добро да се живее сега овде.“

„Страшно беше. Ветрот почна да се засилува, па звукот беше непријатен.“

„Се сместивме во кошаркарска сала. Почна да излегува вода од звучниците, па се преместивме на вториот кат.“

Властите вложија максимални напори за да го обезбедат населението кое се бори со најсилната бура во Порторико во последниве 90 години.

„Не очекува тежок период. Но не губам верба во нашата упорност и способност да изградиме се повторно. Порторико ќе преживее. Ние ќе се рватиме на нозе, а со поддршка од надвор, ќе станеме посилни од кога и да е“, изјави Рикардо Росела, гувернер на Порторико.

Според Националниот центар за урагани, по Порторико, „Марија“ продолжува кон Доминиканска Република, Туркс и Кајкос и југоисточниот дел од Бахамите. На Доминика и Гвадалупе, каде што стигна како ураган од петта категорија, усмрти неколкумина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This