April 23, 2024, 11:13 am

УЖАС НА СКИЈАЊЕ:Жичарницата нагло забрзала, туристите полетале на сите страни, повредена трудница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зимските магии за десетина скијачи во грузискиот туристички центар Гадуари тргнале на лошо, кога жичарницата почнала забрзано да работи, а луѓето почнале да летаат на сите страни.

Меѓу сериозно повредените луѓе е една бремена Швеѓанка, која се здобила со повреди на вратот, а згрижена е во локална болница.

Другата сериозно повредена личност се здобила со повреди на главата.

Грузискиот министер за здравство рекол дека повредените ќе бидат префрлени во болница во Тбилиси.

Како што се наведува, вистинската причина за инцидентот не е утврдена, но се шпекулира дека причината би можела да биде проблем со струјниот напон или сопирачките.

Последните години расте популарноста на ски-центрите во Грузија, а голем број на туристи одат таму да го минат зимскиот одмор по релативно ниски цени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This