УКРАИНА КОРИСТЕЛА ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ: Украински војник сака да сведочи пред Трамп дека во Донбас украинската војска користела хемиско оружје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2014 година, се појавија репортажи дека Украина, наводно, искористила хемиско оружје во своите операции против милицијата во Донбас.

Во видео-пораката до американскиот претседател Доналд Трамп, објавена на ЈуТјуб каналот, поранешниот украински војник Александар Медински тврди дека Киев користел хемиско оружје за време на својата воена операција во Донбас.

Обраќајќи му се на Трамп како “непомирлив борец против употребата на нервни агенси и употребата на хемиско оружје за масовно уништување”

Медински, кој учествуваше во борбени операции во југоисточниот дел на Украина, рече дека летото vo 2015 година, Киевските сили за специјални операции (СОФ) конфискувале лабораторија за хемикалии што ја користелe украински доброволци кои учествувале во воените дејствија во Донбас .

Според Медински, луѓето што работеле во лабораторијата развивале хемиски агенси за употреба против непријателските војнци и за кои тој тврди дека подоцна биле употребени во Донбас.

“Подготвен сум да сведочам во американските судови, пред ФБИ, НСА и ЦИА за употреба на хемиско оружје од страна на војската на Киев”, рече Медински, додавајќи дека е подготвен да даде подетални информации на претставниците на американската разузнавачка заедница .

Тој, исто така, ја спомена и доктрината на СОФ, која дозволува употреба на отровни агенси и експлозиви не само против припадниците на милицијата во Донбас, туку и против новинарите, политичарите и активисти “кои се противат на режимот на Порошенко”.

“Ве молам да обрнете внимание на сите овие работи. Ве молам, исто така, да извршите притисок врз режимот во Киев и да преземете решителна акција против терористичката војна што ја води против сопствениот народ “, заклучи Медински.
Уште во мај 2015 година, лидерите на самопрогласената Донетска народна република (ДПР) предупредија дека Киев е подготвен да започне развој на хемиско оружје, кое подоцна може да го искористи и да ги обвини борците во Донбас за нападот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This