April 25, 2024, 10:37 am

УКРАЛ 600 МИЛИОНИ ВО БИТКОИНИ: Хакер од Британија затворен со над 600 милиони долари во Биткоини запленети од страна на полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден успешен хакер, кој е одговорен за нападите врз повеќе од 100 компании ширум светот, езатворен во Велика Британија, во првиот ваков случај за полицијата.

Околу половина милион фунти биткоин беа запленети од Гранд Вест, кој најмногу ги користеше измамите преку е-пошта за да добие финансиските податоци на десетици илјади клиенти.

Вест ги продавал приватните податоци и и профитот го конвертирал во Биткоини и ја чувал дигиталната валута на повеќе сметки.

Работејќи под псевдонимот “Courvoisier”, Вест беше осуден на десет години и осум месеци затвор.

Полицијата заплени околу половина милион фунти Биткоин, по апсењето. Ова беше прв пат полицијата да заплени Биткоини, со само уште едно одземање на виртуелната валута евидентирано во Велика Британија.

“Овој случај го илустрира патот кој нашите детективи се спремни да го изодат за да ги уапсат криминалците кои работат на мрачниот интернет. Ќе употребиме многу различни мерки за да осигуриме дека таквите прекршители се идентификуваат, гонат и нивните средства се запленети. Ова е прв пат да заплениме криптовалути и решени сме да останеме чекор пред сајбер криминалците кои веруваат дека можат да дејствуваат неказнето “, изјави главниот обвинител на на полицијата, Мик Галагер, раководител на оделот за организиран криминал.

Затворениот хакер тргувал на мрачниот интернет од март 2015 година, продавајќи финансиски податоци и канабис. Во обид да добие лични податоци од 165.000 луѓе, Вест извршил фишинг измама која се појавила како онлајн услуга за готвење на Just Eat. Неговите акции ја чинеле фирма околу 200.000 фунти.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This