March 28, 2024, 11:59 am

УСТАВНИОТ СУД ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК ОД ЕУ И САД: Американците бараат УБК да може да прислушкува без дозвола, ЕУ бара да се ограничи правото!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По одлуката на Владата која бара Уставниот суд да ја запре постапката за оценка на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, највисоката судска инстанца во Македонија се најде во вкрстен оган.

Од една страна е под притисок од Владата која што практично бара Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) и понатаму да има законска можност директно да прислушува преку телекомуникациските оператори.

Од друга страна уставните судии кои што предходно беа обвинувани за политизација сега се и под индиректен притисок на Европската Унија и САД да не дозволат злоупотреба на службите кои што имаат пристап до алатките за прислушување.

Уставниот суд во јуни одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста овој член, откако мнозинството судии на седницата изразија сомнеж дека преку членовите 168 и оспорениот 175, на УБК и на МВР им се овозможува неконтролирано следење на комуникациите преку телекомуникациските оператори.

Судот досега не донесе финална одлука затоа што работи без тројца судии на кои им истече мандатот.

Укинувањето на членот 175 од Законот за електронски комуникации или некова промена во правец на поголема законска контрола на работата на УБК беше една од суштинските препораки во извештаите на групата европски експерти предводена од германскиот експерт Рајнхард Прибе.

Интервенцијата на членот 175 е дел и од владината програма за реформи крстена како 3-6-9.

Според владиното соопштение барањето за запирање на постапката на Уставниот суд е со цел да се изнајдат сеопфатни решенија за проблемот со контролата на прислушувањето и спорните точки во Законот за електронски комуникации.

Во случајот носењето на одлуката на Уставниот суд за членот 175 која што е во завршна фаза нема да влијае на евентуална друга владина интервенција во останатите членови од законот.

Она што владата со барањето од Уставниот суд го добива е повеќе време за неконтролирано следење на комуникациите од страна на УБК за што СДСМ жестоко го критикуваше ВМРО – ДПМНЕ додека беше во опозиција.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This