УХРМ: Од утре следува период на сончево и потопло време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска до крајот на денот ќе биде топло, со мала до умерена локална облачност, информира УХРМ. Во западните делови ќе биде умерено до значително облачно, во вечерните часови со услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 19 до 26 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурите ќе се движат од 6 до 24 степена.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This