УЧЕНИЦИТЕ НАЈЗАГРОЗЕНИ ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Одењето и враќањето на учениците од училиште опасно по животот и здрајвето на децата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако и премиерот Зоран Заев и кандидатите за градоначалници од СДСМ ветуваа чист воздух во Македонија, сепак граѓаните се гушат во државата, нивото на загаденост на воздухот е опасно по животот на луѓето.

Веќе подолго време градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и за Владата предводена од Зоран Заев, криви за загадениот воздух се граѓаните.

Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас, кажаа од Владата.

-Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Воздухот вечерва низ државата повторно е критично загадените. Според податоците од мерните станици кои можат да се видат преку апликацијата Мој Воздух, концентрацијата на штетните ПМ-10 честички се далеку над дозволените во Скопје и Куманово.

Најголема загаденост вечерва покажуваат пет мерни станици во Скопје, во Карпош нивото на ПМ-10 честички во Карпош е 458, кај Ректорат 417 ПМ-10 честички, во Лисиче 369 ПМ-10 честички, во Гази Баба 360 ПМ-10 честички и во Центар 336 ПМ-10 честички, додека после Скопје најзагаден град вечерва е Куманово, каде нивото на ПМ-10 честички е 302.

Незадоволството на граѓаните поради загаденоста на воздухот ги предизвика родителите во знак на протест да се решат за бојкот на наставата на нивните деца од училиштата.

Иницијаторите на акцијата ги повикуваат сите родители да не ги пуштаат своите деца тој ден на настава за да се покаже дека е важна борбата против загаденоста на воздухот.

Акција за бојкотирање на наставата на 20 декември е претставена на социјалната мрежа Фесјбук при што се повикуваат сите родители да не ги пуштаат своите деца тој ден на настава за да се покаже дека е важна борбата против загаденоста на воздухот.

-За важноста на справување со загадувањето, како најголем и најопасен проблем потсетуваме веќе 4 години. Досега се обидовме со чести собири за искажување на незадоволството од несправувањето со ниедна точка од овој комплексен проблем, да ги потсетиме службениците да си ја сработат работата за која се нафатиле да ја сработат, а за што добиваат плата од наши пари. Бидејќи досегашните форми на протест не вродија со никаков плод, отсега го менуваме начинот на искажување револт, се наведува на страницата на Фејсбук на оваа акција.

Под хаштагот #БојкотирамНастава се повикуваат и останатите граѓани да дадат поддршка.

-Со ова ќе укажеме дека проблемот не само што не е решен, туку и нема никакви најави дека ќе се реши, а уште помалку и дека било каква мерка ќе се спроведе. А ние, најмалку нашите деца и постари, немаат уште една година. Затоа, ширете ја информацијава, постирајте слики со ваши пораки и на 20 декември останете дома и поминете едно претпладне со вашите деца, наведуваат иницијаторите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This