УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ СО „ШКЕНДИЈА“: Не сакале да им пишува „шампион на Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот македонски фудбалски шампион, екипата на тетовска Шкендија направила голем инцидент во неделата при прославата на титулата на својот стадион по мечот со Пелистер, јавува Sport1.мк.

И покрај тоа што е ред како и во сите случаи досега, фудбалерите да застанат зад сценографија на која пишува „победници на македонска Прва лига“, тетовци одбиле да го направат тоа, на луѓето од ФФМ не им дозволиле да ја постават сценографијата и решиле да си извадат своја на која пишува „Champions“, со логото на клубот и на нивниот спонзор.

Претходно во целата комуникација со ФФМ, луѓето од управата на Шкендија гарантирале дека нема да има никакви проблеми, дека сѐ ќе биде според договореното. Но, на денот на одигрувањето на последниот првенствен меч сезонава – репиле да пеат друга песна…

Завчера на градскиот стадион во Тетово ништо не наликуваше дека се прогласува шампион на Македонија, јавува споменатиот портал. На стадионот немаше ниту едно македонско знаме, на публиката ѝ беа делени илјадници албански знамиња, навивачите постојано скандираа националистички песни, навредуваа сѐ што е македонско. Дали случајно или не, и делегатот, кој треба да го нотира сето ова во записникот, и комесарот за безбедност пратен од ФФМ – беа етнички Албанци.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This