March 29, 2024, 11:08 am

УШТЕ ИМА ЛИЦЕ ДА БАРА МАНДАТ ОД ВЕЛЕШАНИ: Првиот мандат на Аце Коцевски ги чинеше велешани 5.715 изгубени работни места!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Името на Аце Коцевски е повторно кандидат за градоначалник на Велес предложен од СДСM. Вечниот кандидат за градоначалник на Велес, повторно по рекорден петти пат пред велешани ќе ја бара можноста за уназадување на Велес.

Неговото петто последователно кандидирање за градоначалник (кандидат на сите локални избори почнувајќи од 2000 година), не кажува ништо друго туку дека СДСМ и после цели 17 години не може да извади нов кадар способен да се соочи со реалните проблеми на граѓаните. Но, и оваа негова петта кандидатура ќе биде само уште еден безуспешен обид затоа што велешани добро го паметат неговото управување со Велес.

Девет години Аце Коцевски во Велес не правеше ништо друго освен фарбање фасади и тротоари на главната улица. За важните прашања, за економскиот развој и создавањето работни места, тој себе си се прогласуваше за ненадлежен.

Додека Коцевски фарбаше фасади во центарот на Велес, фабриките во градот ставаа клуч на вратите. По шминканите тротоари на главната улица на Велес чекореше армија од 17 илјади невработени лица – најцрниот рекорд на број на невработени во Велес. Аце Коцевски, политичарот кој повеќе од кој било друг беше на позиции да направи нешто за подобар Велес, сноси директна вина за економското пропаѓање на некогашниот индустриски ценатар на Македонија.

Токму во неговото владеење, во 2004 година Велес го забележа најцрниот рекорд по бројот на невработени кој изнесуваше 16.912 невработени лица. За фактот да биде уште потрагичен и поцрн за велешани е тоа што во 2000 година кога за прв пат му беше дадена довербата на Аце Коцевски за градоначалник на Велес бројот на невработени лица изнесувал точно 11.197 лица. За само 4 години при крајот на неговиот мандат бројката на невработени лица се зголемила за повеќе од 5.700 невработени велешани, или поточно кажано за време на еден мандат зголемувањето на бројот на невработени лица се зголемил за цели 51 проценти. Аце Коцевски е можеби единствениот градоначалник во Македонија, а можеби и во поширокиот регионм кој за еден мандат „успеал“ да го зголеми бројот на невработени во својот град за 51 проценти!

Во 2009 година Велешани решија самите да земат надлежност и да стават крај на владеењето на ненадлежниот Аце Коцевски. Тоа го направија и по вторпат, во 2013 година, не наседнувајќи на четвртата кандидатура на Коцевски кој ветуваше дека ќе бил повеќе надлежен од порано. На 15 октомври оваа година граѓаните уште еднаш ќе му порачаат на Аце Коцевски дека тој повеќе нема надлежност да решава за Велес.

Нова фабрика во Велес се отвори без Аце Коцевски на чело на градот. Фабриката Маркард, првата странска  инвестиција во Велес, се отвори во 2015 година, кога градоначалник е Славчо Чадиев. Новата фабрика обезбеди 500 нови работни места за велешани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This