April 19, 2024, 10:58 am

„ФЕНИ“ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ГО ИЗЕДЕ МРАКОТ: Комунистичката олигархија на чело со Анѓушев спроведува шема за превземање на Фени, по теркот на Југохром!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува сагата во металуршкиот гигант „ФЕНИ Индустрис“ во Кавадарци, во кој работат речиси 1.000 луѓе, а чие затварање би значело и економски колапс за најголемиот град во Тиквешијата, но и околните места

Имено, по објавувањето на информацијата дека компанијата „Енерџи Деливери Солушнс – ЕДС“ на Кочо Анѓушев го блокирала работењето на „ФЕНИ“ и стартувал постапка за извршување, преку попишување на имотот на фабриката (машини, автомобили, камиони итн), денес претставници на Комерцијална Банка (каде директор е Хари Костов), Стопанска Банка и банката „Силкроад“ го блокирале целиот преостанат имот на „ФЕНИ“.

Претставницте на банките денес цел ден се во фабриката.

Ваквиот начин на блокирање на вакви големи капацитети во кои работат голем број на работници, е слично на шемата со која беше превземен и комбинатот „Југохром“, кога насилно и преку смислена шема беше блокиран, ставен во стечај па откупен. Во процесот голем број на работници останаа на улица.

Се поставува прашањето, дали Кочо Анѓушев со неговите советници се обидуваат да го превземат „ФЕНИ Индустрис“ токму сега, кога цените на металите се на рекордно високо ниво на светскиот пазар? Дали затоа се носи и законот за стечај, со кој се предвидува постапка за превземање на фирми од стечај?

Комунистичката олигархија која во текот на криминалната приватизација во текот на 90-те ја урниса македонската економија, која по цели 25 години дури минатата 2016 почна да заживува, повторно е во акција за превземање на преостанатите производни капацитети во земјата, без притоа да имаат грам совест за вработените и нивната судбина.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This