ФЕЈСБУК ЌЕ ПОЧНЕ ДА НАПЛАЌА ЗА ЧИТАЊЕ ВЕСТИ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук би можел да воведе претплата на медиумските вести од октомври, јавуваат западните медиуми повикувајќи се на извори од компанијата.

Кембел Браун, интернет претприемач кој меѓу другото е вклучен во овој проект изјави дека постои можност оти вакво нешто може да се случи.

-Во рана фаза сме од договорот со неколку големи медиумски куќи околу изработката на бизнис моделот за претплата на Фејсбук. Како дел од проектот „Facebook Journalism“ го користиме времето да работиме заедно со нашите партнери и ги разбираме нивните потреби, изјави Браун.

Проектот се уште е во фаза на изработка, но се наведува дека медиумските компании ќе нудат само десетина бесплатни публикации месечно, а се останато ќе се наплаќа. Откако ќе отворите 10 линкови од одредена медиумска куќа ќе добиете понуда да се претплатите на одредена публикација.

Близок извор од Фејсбук тврди дека Фејсбук ќе им дозволи на медиумските компании потполно да ја задржат контролата над тоа кои објави ќе се наплаќаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This