ФИЛИПЧЕ ЌЕ ФРЛА ИСПРАВНИ АПАРАТИ: Филипче ја потврди аферата која ја откри „Република“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Република го потврдува истражувањето кое Република го објави вчера, во кое откривме дека тој побарал од здравствствените установи да му го отстапат правото да одлучува од каде ќе купуваат реагенси за нивните апарати во лабораториите, но, на крај тие сами ќе треба си ги платат.

-Во моментов цените на реагенсите се неунифицирани односно секоја институција плаќа различно. Додека се распише централната набавка, ЈЗУ ќе функционираат со годишните договори кои ги имаат. Министерството за здравство не може да плаќа зашто нема законска можност – вели Филипче во СМС-изјавата која ни ја испрати вчера попладне по објавувањето на текстот.

Министерот го потврдува и пишувањето дека се испратени барања во кои има и изготвено готови одлуки на јавните здравствени установи, но вели дека тие имаат право да прават централна нарачка, но по пропис мора да побараат овластување.

-Имаме право како министерство да донесеме ваква одлука со цел да се спроведе централна набавка за да се постигнат најниски цени. Бараме овластување за да спроведеме централна набавка. Без овластување не може да правиме набавки, вели Филипче.

Тој потврдува и дека надвор од функција ќе се стават дел од апаратите кои Јавните здравствени установи ги имаат, но, како што вели, со набавката на нови нема да се оштети буџетот.

-Апаратурата во моментов е предимензионирана. Ќе го намалиме бројот на апарати. Предмет на набавка се реагенси со отстапување на нова опрема на користење со бесплатен сервис за 3 години. Нема да се оштети буџетот затоа што повеќе нема да плаќаме сервис и ќе имаме помал број апарати, вели Филипче.

Република вчера објави истражување поткрепено со документи за овој скандал. Разговаравме и со незадоволни директори на јавни здравствени установи кои се сомневаат дека централизацијата на набавките ќе се направи за некој да добие монопол и огромни финансиски средства.

Дел од директорите на здравствените установи се противат на ваквата одлука на Филипче, затоа што со ова ќе се зголемат и цените на реагенсите кои тие ќе треба да ги плаќаат.

-Секоја опрема што е веќе инсталирана е веќе отплатена и цените на тесовите се намалуваат секоја година. Секоја нова опрема за која се даваат пари е непотребен трошок особено ако во институцијата има опрема која е функционална од неколкуте реномирани производители. Тоа министерот не го интересира, туку инсистира на директорите да плаќаат за неговиот криминал – велат директори кои сакаат да останат анонимни.

Директорите кои одбиваат да му потпишат овластување, се жалат дека се под константен притисок од Министерството кое постојано вербално и преку меилови ги притиска.

-Се праќаат десетици дописи и се прави притисок иако најголем дел од установите имаат веќе по 2-3 конкурентни апарати кои соодветствуиваат на нивните потреби. Со тие апарати и технологии можат да ги направат сите анализи кои се потребни за работа на институциите. Купувањето нови апарати само ќе ги оптовари буџетите на институтциите и ќе направи огромни долгови над 10 милиони евра кои следните генерации ќе треба да ги плаќаат, а пријателите на министерот ќе имаат финансиска корист – велат извори од министерството кои ни доставуваат и слики од меиловите кои се праќаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This