March 28, 2024, 11:20 am

ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО МАКЕДОНСКА ПОШТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Крадците работеле цел ден и цела ноќ, МВР молчи – вмешани политички структури?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филмски крабеж, или поточно обид за грабеж се случил во експозитурата на Македонска Пошта во Ѓорче Петров вечерта помеѓу 31 декември и 1. јануари, за кој полицијата сеуште молчи и не соопштува никакви детали

 

Новогодишната ноќ освен за прослава, некои ја искористиле и како одлична можност за „работа“.

Ноќта помеѓу 31-ви декември и 1-ви јануари, група на засега непознати лица имале обид за грабеж на подржуницата на „Македонски пошти“ во скопската населба Ѓорче Петров. Како што дознаваме, крадците со погоден алат успеале да ја отворат задната врата на поштата, односно службениот влез од страна на пазарот, ја промениле бравата и ја затвориле вратата за да „работат“ на мира.

Оттука продолжиле со рушење на еден ѕид од канцеларија, со цел да пристигнат до следната канцеларија која граничела со задниот ѕид на сефот. Откако успеале да ја срушат конструкцијата на привремениот ѕид од гипс-картон, го срушиле и ѕидот од цигли, по што успеале да стигнат и до ѕидот од сефот. Во тој момент започнале со бушење на сефот, но за среќа не успеале во намерата, по што се откажале и избегале од местото на настанот.

Обидот е констатиран од страна на полицијата, а на лице место излегол и инспектор кој изготвил и записник, но МВР сеуште молчи за случката што овој случај го прави дополнително сомнителен, имајќи во предвид дека крадците имале информација дека во тој момент сефот на подржуницата имал поголема сума на пари, и дека во наредните два дена никој нема да биде на работното место.

Подржуницата не била обезбедена, а безбедносните камери, како што дознаваме од извори во полицијата биле непрегледни бидејќи светлото во делот каде што снимале биле исклучени.

Вработените, но и дел од вклучените во истрагата се сомневаат дека организацијата и информацијата за тоа кога е погоден момент да се ограби подржуницата, била дадена од лица блиски до една од албанските партии на власт.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This