(Фото+Видео)ХАОС ВО ВИТЛЕЕМ: Израел со солзавци и оклопни возила удри по демонстрантите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелската полиција употреби солзавец за време на судирите со Палестинците во Витлеем, јави дописникот на Спутник, кој е повреден во акцијата на полицијата

Израелските војници во оклопни возила ги разбиле демонстрантите во палестински Витлеем на границата со Израел. Тинејџерите палеа ѓубре и го блокираа делот на улицата Хеврон со барикади. Од време на време фрлале камења кон границата.

Израелската воена техника, околу 14.50 часот по локално време излегла од една од споредните улици, што младите ги натера на бегство. Војската, помеѓу останатото употреби и звучни бомби (шок бомби), а демонстрантите се повлекоа од барикадите.

Потоа како што пренесува дописникот, едно оклопно возило испалило гранати со солзавец кон демонстрантите. Дописникот не успеал да побегне, една граната паднала на него по што се нашол во облак од чад на првиот кат од зградата.

Во овој момент Палестинците фрлаат камења и ги палат контејнерите. Воената техника стои на границата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This