ФРЛЕТЕ ГИ НА КРОКОДИЛИТЕ: Филипинскиот претседател ја повика војската да не соработува со претставниците на ОН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родриго Дутерте уште еднаш остро ги критикуваше претставниците на ОН за човекови права кои планираат да ги истражат наводните вонсудски убиства во неговата војна против дрогата и ја презеде целосната одговорност за “законските” акции на спроведувачите на законот.

Овој последен вулгарен испад против меѓународните претставници за човекови права доаѓа еден ден откако високиот комесар на ОН, Зеид Раад Ал Хусеин, повика на “психијатриска евалуација” на лидерот на Филипините. Во саботата, Дутерте повторно го бранеше правото на граѓаните да го спроведуваат законот и да не соработуваат со истрагата на ОН за наводни злоупотреби и вонсудски убиства во земјата.

Нарекувајќи го Зеид “глупав к***** син “, Дутерте го потврди овластување на полицијата и војската да не одговараат на прашања од истражувачите за човекови права, кои во моментов ги води Агнес Каламард, специјалниот известувач на ОН.

,,Не одговарајте на нивните прашања “, им рече Дутерте на војниците во градот Замбоанга, истакнувајќи дека презема” целосна одговорност “за неговата кампања против дрогата. “Само вршете ја вашата работа … во рамките на законот”, рече тој во саботата, додавајќи дека правото на молчење и да не сведочиш сам против себе е загарантирано со уставот на земјата.

“Оставете ми ги мене. Тие доаѓаат тука. Дали имате тука крокодили, оние кои навистина јадат луѓе? Фрлете ги к******* синови таму “, изјави Дутерте.

“Овие [луѓе] кој се борат за човекови права се глупави”, додаде Дутерте. “Реков [трговците со дрога] не ја уништат мојата земја или мојот град за тоа, затоа што ќе ги убијам. Не уништувајте … ги младите од оваа земја, бидејќи јас ќе ве убијам. ”

Одговорот на Дутерте дојде откако Зеид во петокот го повика Советот за човекови права на ОН да заземе став против личната одмазда на Дуерте против претставниците на ОН за правата на човекот, кои ја критикуваа борбата против дрогата во Манила.

“Советот за човекови права на ОН мора да заземе став. Овие напади не можат да бидат без одговор “, рече Зеид во петокот. ” Дуерте треба да се подложи на некој вид на психијатриски преглед. Овој вид коментар е неприфатлив, неприфатлив. ”

Дутерте долго време беше цел на глобална критика за неговата војна против дрогата, што резултираше со бројни вонсудски убиства. Додека официјалните податоци на владата покажуваат најмалку 4.000 смртни случаи во полициските операции против дрогата од јули 2016 година, групите за човекови права, како што се Филипинската алијанса за застапници за човекови права (ПАХРА), проценуваат дека до 12.000 луѓе можеби се жртви на политиките на Дуерте.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This