ФРОСИНА СЕ ФАТИ ЗА МИКРОФОН, БОКИ СЕ ГУШКАШЕ СО МАЛИЌИ: Што славеше Боки 13 во скап ресторан, во друштво на Фросина Ременски и Енвер Малиќи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Верниот другар на градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, Боки 13 вчера во еден елитен скопски ресторан заедно со заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи и министерката Фросина Ременски прославуваа „битен датум“ од животот на Бојан Јовановски

 

Боки 13 на својот „Инстаграм“ профил се пофали дека вчера во еден елитен ресторан славел „битен датум“ во неговиот живот во друштво на заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи, инаку генерален импортер на „Џони Вокер“, и министерката Фросина Ременски.

Блискоста помеѓу Боки 13 и Малиќи се должи на бизнис релациите помеѓу таткото на Јовановски и заменик-градоначалникот, но и активното учество на Малиќи во невладината организација на Боки 13.

Енвер Малиќи во јавноста е познат како сопственик на фирмата „Гемак трејд“ која се занимава со дистрибуција на алкохолни пијалаци, а истотака е и газда на комплекс Парк Хотел и Спа. Во 2010 година Малиќи и неговото семејство беа центар на внимание откако некој фрли рачна бомба во нивниот двор. Во тоа време се претпостави дека оваа бомба била дел од рекетарска пресметка т.е дека била поврзана со аферата на синот на Малиќи, Алтин Малиќи кој во истиот тој период беше директно инволвиран во шверц со дрога и заедно со уште неколку луѓе беше товарен за царинска измама додека тој поради тој случај беа заминати во странство.

Синот на Малиќи, според МВР во 2008 година двајцата создале криминална група заедно со останатите пријавени, при што во периодот 2008 до 2009 година, во четири наврати, од фирмата „Спортина Блед” д.о.о. од Словенија набавиле и избегнувајќи ја царинската контрола нелегално прокриумчариле во Македонија луксузна, брендирана текстилна стока од марките Армани, Кавали, Долче и Габана во вкупна вредност од 13.270.992 денари или околу 216 000 евра. Таквата облека ја продавале преку бутикот “Република дела мода” во ГТЦ Скопје, со што избегнале да платат вкупно 6.964.005 денари или околу 113.500 евра оштетувајќи го државниот буџет.

Освен кланот Малиќи, тука е и таткото на Стефан Богоев кој важи за еден од главните финансиери на невладината ИМЕ каде претседател е токму Боки 13.

Очигледно, богатењето на Боки 13 и објавувањето слики со скапи парчиња облеки и накит ја револтира и иритира јавноста,која секој ден се повеќе тоне во сиромаштија поради расипничката политика на СДСМ и неговото неконтролирано однесување.

Како што може да се забележи од фотографијата, Бојан Јовановски носи гардероба вредна неколку илијади евра, почнувајќи од чевлите „Гучи“ кои вредат преку 5.000 евра, додека на социјалните мрежи и медиумите блиски до власта се обидуваат да направат портрет на хуманиот борец за геј права.

Не само тоа, расипништвото одело дотаму што на вечерата биле трошени и значителни количини на шампањски. Најверојатно шампањското највеќе и се допаднало на Ременски, па и таа го зема микрофонот да запее.

Минатата недела, Боки 13 се пофали дека бил во шопинг во еден скопски трговски центар заедно со градоначалникот на Карпош, каде си купиле поголема количина на брендирана гардероба, која си ја подариле еден на друг.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This