ХАН ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан денеска ќе престојува во Скопје каде е предвидено да се сретне со премиерот Емил Димитриев, лидерите на четирите најголеми политички партии, со специјалната обвинителка и со претставници на граѓанското општество.

han

Целта на посетата, како што се наведува во соопштението од Европската комисија, е „да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирањето на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети“.

Вчера, еврокомесарот Хан испрати порака дека е „важно условите за одржување на веродостојни избори да бидат исполнети“.

– Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е условите на веродостојни избори да се целосно исполнети и граѓаните да можат слободно да учествуваат на нив,  вели комесарот Хан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This