ХАОС ВО ФЛОРИДА: Следете во живо директно од Флорида – погледнете ја разурнувачката моќ на ураганот „Ирма“ кој пустоши со ветришта на 200 км/час!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ураганот Ирма, кој достигна категорија од четврти степен денеска ја погоди Флорида, при што предизвика поплави во Мајами. Ударите на ветрот во јужните делови на Флорида се од 160 до 215 километри на час, зависно од локацијата. Околу сто илјади лица одлучиле бурата да ја пречекаат во своите домови и во засолништата.

Улиците на Мајами се полнат со вода, а меѓу поплавените се финасиската и станбена област Бриквел авенија, како и Еџвотер.

Претходно под ударот на ветровите се урна кран на висококатница во изградба.

Градските власти ги предупредија жителите дека се урнал кран на висококатница во изградба на булеварот 300 Бискејн и побараа од нив да ја избегнуваат таа област.

Ураганот Ирма претходнпо денеска ги зеде првите жртви на Флорида, каде најмалку три лица загинаа, јави Еј-Би-Си Њуз.

Истовремено 1,1 милион жители на оваа американска сојузна држава останаа без струја.

Еден маж во округот Моро загинал кога ја загубил контролата врз камионот, со кој превезувал генератор, соопштија локалните власти.

https://www.youtube.com/watch?v=PXEmWQYbWm0

Уште две лица загинаа во сообраќајна несреќа во округот Харди, на патот на кој имало поројни врнежи, соопшти патролната служба на автопатиштата на Флорида.

Биланост на загинатите во налетот на Ирма на Карибите достигна најмалку 25 лица.

Ударите на ветрот во јужните делови на Флорида се од 160 до 215 километри на час, зависно од локацијата. Околу сто илјади лица одлучиле бурата да ја пречекаат во своите домови и во засолништата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This