ХАОС НА ГРАНИЦА, НАЧАЛНИКОТ НА СЕМИНАР: Началникот на граничната полиција на семинар во „Шератон“ додека еродира безбедноста на границите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марко Кочовски Началникот на Граничната полиција во овие моменти е на семинар во Хрватска за Гранична контрола и технологија

 

Додека постои целосен хаос во граничното управување во Македонија, Началникот на Граничната Полиција учествува на семинар во елитниот хотел Шератон во Хрватска за кои само котизацијата изнесува 500 евра. Во време кога видеокамерите за надзор на граничните премини намерно се расипуваат, а граничната контрола не ја вршат полициски службеници туку неовластен персонал со цел да се исплатата поголеми прекувремени саати на партиските заслужни кадри.

Кочовски со парите на граѓаните ќе шета по ексклузивни хотели по Европа, додека стандарот на граѓаните од ден во ден се влошува. Таканаречените ,,Шарени револуционери’’ беа најголемите поборници против расипничкото трошење на парите на граѓаните, а во овие моменти молчат, барем оние кои добија фотелја и работа.

Македонската гранична контрола никогаш во својата историја не била во полоша состојба. По промената на власта и началниците на полицијата криминалот во државата цвета, а откако Бобан Димитриовски од Куманово беше поставен за Началник на Регионалниот Центар Север во рамки на граничната полиција ова е само уште еден скандал во рамките на Граничната Полиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This