April 19, 2024, 10:07 am

Хилари Клинтон го исмеа Трамп на доделувањето на Греми наградите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од највпечатливите моменти на 60 по ред доделување на Греми наградите во категоријата за политика, беше читањето на книгата на новинарот Мајкл Волф „Оган и Бес: Во внатрешноста на Белата куќа на Трамп“.

Домаќинот Џејмс Корден собра познати личности, вклучувајќи ја и Хилари Клинтон, која го читаше овој бестселер.

Нејзиното лице на почетокот на видеото е прикриено со книга, а тоа уште повеќе ја заинтригирало публиката, која потоа побарала од Клинтон да ја тргне книгата.

Клинтон го прочита познатиот дел од книгата околу љубовта на Трамп кон брзата храна кој гласи: Од секогаш имаше страв од тоа дека ќе биде отруен. Поради тоа и сакаше да јаде во Мек Доналдс, храната е однапред подготвена, а никој не знае дека тој доаѓа.

Овој скеч се случи пред официјалниот почеток на програмата. Во видеото се појавуваат музичари како Снуп Дог, Џон Леџенд и Cardi B кој исто така прочитал дел од книгата.

Меѓутоа, ѕвезда на вечерта беше Хилари Клинтон која откако го прочитала краткиот дел од споменатата книга, предизвикала најголемо внимание кај публиката.

Книгата „Оган и Бес“ продадена е во 1.7 милиони примероци и била најпродавана на Amazon во јануари.

Во текот на викендот падна на второто место, меѓутоа, овој настап на Греми наградите, може да и даде дополнителна слава.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This