ХИЛАРИ ПОД ИСТРАГА ОД ФБИ: Земала рекет и уценувала влади и компании низ целиот свет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фондацијата „Клинтон“ е под истрага на американскиот ФБИ под сомнение дека Хилари Клинтон, додека била државен секретар, преку организацијата земала милиони долари од странски влади и големи компании, преку закана или нудејќи разни услуги

Истрагата ја започнале агентите на ФБИ во Литл Рок во Арканзас, каде Клинтонови претходно живееа и каде што е регистрирана Фондацијата по завршувањето на претседателскиот мандат на Бил Клинтон во 2001. Претставник на ФБИ, кој барал да остане анонимен, за американските медиуми изјавил дека минатиот месец е испрашан најмалку еден сведок во случајот Клинтон, адека во наредните недели истрагата би требало да биде интензивирана.

– Испитуваме дали Хилари Клинтон уценувала држави и компании за да дојде до големи донации за својата хуманитарна фондација, или дали нудела услуги во замена за големи прилози. Исто така, испитуваме дали Хилари дел од тие добиени средства, кои се ослободени од данок, ги користела за лични политички потреби, како и дали Фондацијата работела во склад со важечките данончи правила – наведува изворот.

Како што пренесуваат медиумите во САД, во време додека Хилари била шефица на дипломатијата на САД, седум земји донирале пари во нејзината Фондација. Тоа се Кувајт, Катар, Оман, Алжир, Австралија, Норвешка и Доминиканската Република.

Освен тоа, и големи американски компании давале големи прилози на Фондацијата „Клинтон“ во замена за помош при склучување на договори за работа во странство. Хилари, како што се сомневаат авторитети, вршела притисоци кај странски влади да потпишат договори со оние американски компании кои давале донации во нејзината фондација. Меѓу нив се „Генерал Електрик“, „Ексон Мобајл“, „Мајкрософт“ и „Боинг“. Медиумите пишуваат и дека Клинтон на американските нафтени и гасни компании, спонзори на нејзината и кампањата на Обама, им обезбедувала концесии за експолатација на нафтени шкрилци ширум светот, и покрај противењето на локалното население.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This