March 28, 2024, 10:32 pm

ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Лажел дека се состанал со Путин, призна, па си поднесе оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Холандија Халбе Зејлстра си поднесе оставка откако лажел дека се сретнал со претедателот на Русија Владимир Путин во 2006. година, пишува „Телеграф“

„Холанѓаните заслужуваат министер кој нема да предизвикува никаков сомнеж“, рекол за време на говорот пред Парламентот.

Претходно Зејлстра призна дека лажел дека се состанал со Путин во 2006. година и дека лично слушнал како тој зборува дека ги смета Белорусија, Украина и Балтикот за дел од Голема Русија.

Притоа, бившиот директор на компанијата „Шел“ Јерун ван дер Вир соопшти дека тој му го прераскажал состанокот со Путин.

Во писмото во весникот „Волкскрант“ бизнисменот раскажал дека тој, а не Зелстра бил во викендицата на Путин.

Тој објаснува дека потоа тој и шефот на дипломатијата на Холандија имале разговор кој лошо бил протолкуван.

„Историски, Голема Русија била поголема од денешна Русија“, напиша Ван дер Вир во писмото до весникот, додавајќи дека Зејлстра можеби сфатил дека тоа се зборови на Путин како желба да го шири влијанието на бившите територии на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This