March 29, 2024, 12:04 am

ХРВАТСКА ГОРИ: Огнот се шири и може да зафати куќи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На  повеќе локации во Хрватска беснеат пожари, а поради силниот ветер огнот се шири и може да ги зафати куќите во Бродарица и во близина на Шибеник.

Пожар избувна и во Далматинска Загора, а тешко е и во близина на Пула и на островите Вир и Паг. Хрватските вооружени сили потврдија дека се вклучени во гаснењето на пожарите на површина од Истра во Далмација. Огнот го гасат 32 возила со 109 пожарникари.

Пожарите се активни и на црногорскиот брег. На Луштица и од Грабовица да Бигово пожарот што беше засилен од ветровите и им се закануваше на населбите сега е под контрола, така што е одложена евакуацијата на жителите.

Ситуацијата е оценета како алармантна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This