April 24, 2024, 11:30 pm

ХРВАТСКИОТ ИСТОРИЧАР ПОД ЗАКАНА: Албанци му се закануваат дека ќе го убијат, затоа што докажал дека не се Илири

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Теологот и историчар Горан Шариќ од Риека добива закани од Албанците бидејќи тврди дека тие не се со илирско потекло.

“Албанците ми се закануваат со смрт, бидејќи научно докажав дека не се Илири. Тие бараат од мене повеќе да не излегувам јавно со ваквиот став или ќе ме убијат. И сега треба да одам против мојата совест да не добијам куршум. Ако не го зборувам она во што верувам, подобро да не живеам. Смртта е подобра од срам. Смртта доаѓа и поминуваа. Срамот останува “, напишал Сариќ на неговиот профил на Фејсбук.

Хрватскиот историчар одржа неколку трибини на кои ја презентираше тезата дека балканскиот полуостров е местото каде што е формирана најстарата цивилизација во Европа и дека словенското населението не се преселило во овие области туку дека е домородно. Тој тврди дека Словените се потомци на луѓето што денес ги нарекуваме Илири и дека Албанците немаат никаква врска со нив.

“Јас ќе кажам во следната емисија дека сепак се Илири. Како и во вицот:

“Мамо, дали имам голема глава?”

“Немаш сине, само оди во подрумот и донеси 30 килограми компири во капата”, “се пошегува Шариќ во статусот по повод заканите кои ги добива.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This