ЦЕЛА МОСКВА МАКЕДОНСКИ ГРАД: Самсоненко влегува како спонзор во најголемиот руски клуб ЦСКА Москва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопственикот на европскиот шампион во ракомет РК Вардар, Сергеј Самсоненко, кој под своја капа ги има и фудбалскиот и женскиот ракометен клуб Вардар, како спонзор влегува во најголемиот руски клуб ЦСКА Москва.

Клубот ја промовираше соработката со спортската обложувалница „Бет Сити“, која влегува како еден од важните спонзори во московска ЦСКА. Соработката ќе трае во наредните пет години.

– Ова е почеток на една убава соработка, а нашата компанија за спортско обложување секогаш сака да го помага и популаризира спортот во нашата земја. Се надеваме дека оваа соработка ќе биде значајна и догорочна и дека ќе се темели на идни заеднички успеси – изјави Сергеј Борисович Самсоненко за официјалниот сајт на ЦСКА Москва.

Претседателот на ЦСКА Москва, Евгениј Гинер, се заблагодари за спонзорството што во следниот период ќе го добива клубот од „Бет Сити“.

– Среќни сме што ќе соработуваме со компанијата „Бет Сити“, и гледаме оптимистички на иднината. Веруваме дека оваа наша соработка, ќе биде плодна и исполнета со успеси – изјави претседателот на ЦСКА Москва.

Сергеј Самсоненко подолго време веќе е во фудбалот, тој пред три години стана сопственик на најтрофејниот клуб во Македонија, ФК Вардар. Кога пристигна во клубот најави дека ќе го однесе во Лигата на шампионите. Оваа година вардарци имаат шанса за трета среќа, откако минатите два обиди завршија неуспешно.

Обложувалницата „Бет сити“ до пред една година беше присутна и во Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This