ЦИПРАС ГО ИЗЛИЗГА ЗАЕВ: Зоран прифатил ново име за кое Ципрас сега не се согласува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Македонија гордо најави дека Македонија ќе го менува името во Република Илинденска Македонија, за севкупна употреба што значи дека ќе се менува и уставот на државата.

-Сега нам ни треба нов четврт Илинден, во кој ќе се обидиниме повторно, четвртиот Илинден е нашата светла иднина. Со четврт Илинден со евентуален договор за Република Илиденска Македонија неповратно го отвораме патот кон членството во ЕУ и Нато, изјави Заев.

И покрај гордата најава на премиерот Заев, сепак за него дојде ладен туш од Грција.

Грчката Влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“. Само еден час откако премиерот Заев по лидерската средба изјави дека тоа е опцијата која може да биде решение за спорот, од Кабинетот на Ципрас испратија соопштение во кое пишува:

-Го поздравуваме тоа што македонската страна прифати дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби. Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи, да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц.

Само неколку часа претходно Ципрас ги информираше парламентарните лидери и претседателот на Грција за последниот предлог за името, но не доби подршка за „Илинденска Македонија“. Сите опозициски лидери го отфрлија предлогот оценувајќи дека со него „се зајакнува иредентизмот“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This