ЦИПРАС ОПТИМИСТ ЗА ИМЕТО: Верува дека Заев ќе „превземе чекори“ за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Алексис Ципрас повторно порача дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна. Смета дека годинава се отвора прозорец на можности за решение и потребно е да се донесат неопходни одлуки.

Грчкиот премиер, како што јави дописникот на МИА од Атина, повторно јавно говори за спорот меѓу Македонија и Грција.

– 2018. е важна година за Грција, не само затоа што по цели осум години, конечно излегуваме од меморандумите, туку и поради тоа што истовремено се отвора еден важен прозорец на можност за решавање на името. Убеден сум дека сега е дојдено време да ги донесеме неопходните одлуки, за да ја оправдаме улогата на Грција како водечка сила на Балканот, но и како столб на стабилност во поширокиот регион, вели Алексис Ципрас за утрешното викенд издание на весникот „Неа селида“.

Според грчкиот премиер, Грција пред себе има и економски и геополитички предизвик, а потребно е да изгради, како во економијата, така и во надворешната политика, „нова динамична физиономија на модерна демократска земја која инвестира во развојот, мирот и градењето доверба, на земја која напредува и решава проблеми“. Грчката влада, како што вели Ципрас, има и волја и способност да го гарантира овој тек на земјата.

Алексис Ципрас уште еднаш упатува критики до опозициската Нова демократија, велејќи дека, за сега, зазема неодговорна позиција, заборавајќи и на „историската одговорност за не решавањето на проблемот во минатото и на позитивната одлука од Букурешт“.

Ципрас, во интервјуто, изразува надеж дека опозицијата ќе сфати дека прашањето за името не треба да биде предмет на внатре- партиски игри и ако постои перспектива за решение, ќе се создадат предуслови за широк парламентарен консензус

Во вторникот, како што веќе објави МИА, Ципрас, во кусото интервју за радиото „Реал.фм“, во однос на прашањето за името рече дека е оптимист дека „можеме ефикасно и одговорно да управуваме со прашањето кое го наследивме од претходните влади“.

– Се додека од другата страна, навистина, постои желба да се направат чекори – останува да го видиме тоа -верувам дека може да се направат чекори кон излез од безизлезната ситуација, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This