ЧАВКОВ БИЛ НА 100 МЕТРИ ОД СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ: Ги координирал активностите на полицијата со цел заштита на пратениците и враќање на мирот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реториката на демонстрантите кои 60 дена протестираа пред 27 април, практично беше непроменета и ништо не укажуваше на тоа дека може да се случи нешто што би предизвикало зголемен безбедносен ризик, изјави Митко Чавков во неговото гостување на ТВ Нова

На 27 април, во критичниот час екс-директорот на БЈБ Митко Чавков имал активна комуникација со одговорните субјекти кои биле задолжени и клучни за носење на стратешките одлуки во врска со обезбедување на Собранието на Р.Македонија и разрешување на ситуацијата.

„Чавков на многу луѓе не се јавуваше тогаш“ – рече Чавков додавајќи дека не е само Нухиу тој кој не успеал да го добие на телефон. Освен ова, Чавков додава дека бил апсолутно активен образложувајќи дека тие не би можеле да направат анализа по базни станици и да ја дознаат неговата локација за време на протестите на 27 април, доколку тој немал активни телефонски разговори.

Освен ова, екс-директорот на БЈБ додава и дека не е точна информацијата дека полицијата не делувала.

„Фактот е еден, немало ниту една информација ниту една најава за нарушување на јавниот ред и мир на клучниот ден 27 април“ – вели Чавков, додавајќи дека тие информации лесно можеле да ги добијат членовите на СДС и ДУИ кои тогаш беа дел од МВР.

Се работи за информации кои СДС задно со ДУИ можеле да ги дадат на МВР, со кои намерата за изгласувањето на Талат Џафери за претседател на Собранието, на начин на кој беше „изгласан“ ќе помогнеше претходно да се обезбеди Собранието и да не дојде до нарушување на безбедноста на пратениците.

Наместо тоа, Спасовски и Нухиу решиле таа информација да не ја споделат со професионалците во министерството и намерно да предизвикаат хаос, кој подоцна го искористија во политички цели!

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This