April 16, 2024, 11:32 am

ЧАВКОВ ИЗБЕГНАЛ ПРОВОЦИРАН ИНЦИДЕНТ: Струмички наркодилер го следел Чавков, го фотографирал па демолирал ресторан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Струмички наркодилер, осудуван за трговија со дрога, доцна попладнево предизвикал инцидент во угостителски објект во близина на Колешински водопади во Струмица, каде претходно бил присутен поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков – пишува порталот Нетпресс.мк

Наркодилерот, во Струмица познат како Ванчо Комитата, прво се обидел со мобилен телефон да го фотографира Чавков. Поранешниот министер за внатрешни работи го прашал зошто го фотографира, и за да не дојде до инцидент, заедно со луѓето со кои бил, си заминале од ресторанот.

По ова осудуваниот дилер на дрога Ванчо Комитата, почнал да демолира и да крши во угостителски објект „Подгорски Ан“. Реагирал сопственикот и повикал полиција, која го привела. Но, наркодилерот во полициската станица тврдел дека наводно бил физички нападнат од неколку лица, кои биле во друштво на Митко Чавков.

Но, според присутните, воопшто немало никаков физички контакт меѓу лицата кои биле со Чавков и наркодилерот Ванчо Комитата, за што тврдат дека може да сведочат другите присутни во локалот, како и сопственикот.

Сомнежите се дека осудуваниот дилер на дрога Ванчо Комитата, бил намерно дојден да испровоцира инцидент, но сепак не успеал во тоа, иако во полициска станица дал лажна изјава дека бил нападнат.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This