ЧЕДЕ ЈАНЕВСКИ БЕЗ ЗБОРОВИ: Ваква среќа не се купува со пари – за успехот е задолжен и сопственикот Самсоненко!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чедормир Јаневски по мечот истакна дека вардарци до пласманот стигнале со големата желба, им честиташе на играчите и потенцира – оваа среќа со пари не се купува!

-Пред се, сакам да се заблагодарам на Фенербахче за добриот пречек во Истанбул. Најголемите честитки одат кон моите фудбалери, затоа што со оваа победа, односно двете победи испишаа историја за македонскиот фудбал. За првпат еден македонски клуб ќе игра во Европа. Победивме на двапати еден голем клуб. Поминавме не на среќа, туку со голема желба и исполнување на тактичките обврски. Ова е доказ дека само со професионална работа може да се исполнат резултати. За нашиот успех исто така е задолжен и нашиот сопственик Самсоненко, кој вложува во овој клуб. Вардар е голема македонска гордост. Имаме премија за овој успех од клубот, но верувајте, оваа среќа не може да се купи со пари, рече Јаневски.

 

Извор: Спорт1

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This