Честици од пластика најдени во флаширана вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновото американско истражување кое опфати шишиња од 250 најпознати произведувачи, покажа дека се контаминирани 93 проценти од примероците.

На удар се „Евијан”, „Сан Пелегрино”, „Нестле”.

Светот го одбележа Денот на потрошувачи, но во сенка останаа податоците дека пластични честици се најдени во флаширана вода.

Ова го покажа најголемото истражување направено досега во универзитетот Фредонија во Њујорк, а иницирано од Орб медиа.

BBC пренесува дека се најдени по десет пластични честици на литар вода, а секоја имала дебелина колку влакно.

Најден е полипропилен, но и други видови пластика.

На удар освен наведените се и неколку брендови од Индонезија, Германија, Бразил, Кина и Индија.

Од Светската здравствена организација најавија дека ќе испитаат како тоа влијае на здравјето на луѓето.

Инаку, научниците предупредуваа дека пластични честици досега се најдени во морска храна, сол, во пива, јавни водоводи, па дури и во воздухот.

Според BBC секоја минута се продаваат по милион шишиња флаширана вода, или 20.000 секоја секунда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This