ЧОВЕКОВИ ПРАВА СЕ ИЗМИСЛЕНА ИМЕНКА ЗА ХУНТАТА: Обвинителството молчи за одговорност на луѓето кои споделуваа фотографии од суд и од затвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал осомничи 36 лица дека на 27-ми април како група во собранието на Република Македонија извршиле терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Со ова тешко кривично дело со кое законот предвидува минимална затворска казна од 10 години се соочуваат 6 пратеници на опозицијата, јавни личности, организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, поранешни политички функционери како и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. По спроведената медиумска хајка за 27 ми април обвинителството за организиран криминал и не мора многу да се труди да докажува нечија вина, зошто веќе осомничените се ставени во позиција да мора да ја докажуваат својата невиност, анализираше Гетева во вчерашното издание на емисијата „Несомнено“ на телевизија Алфа.

Изминатите денови, напоредно со распитот на судија на претходна постапка во Скопскиот кривичен суд во јавноста се изнесоа податоци од пред истражната и истражната постапка за собраниските случувања во април годинава. Главно јавниот линч е насочен кон поранешниот прв човек на полицијата Чавков. Од друга страна и оваа истражна постапка, кој впрочем и сите се официјално е  службена тајна, па на осомничените и нивните адвокати им е забрането да ја информираат јавноста за текот и содржината на истрагата, што им оневозможува да одговараат на наводите пласирани во некои медиуми пред почетокот на кривичната постапка, објасни Гетева.

Актуелната власта убедуваше дека апсењето пред камери е симбол на едно друго време , но наспроти тоа сега се вдомија во институциите преработија фото апаратите. Таму каде што никогаш до сега не сликале. Во судница додека се чека ред за распит пред судија во претходна истражна постапка па дури и во двор на истражен затвор. Чавков на обвинителна клупа со лисици на рацете, прекрасно напиша пратеникот Павле Богоевски, откако претходно на 28 ми ноември, утрото на својот фејсбук профил објави со име и презиме кој се бил уапсен, истакна Гетева.

Гетева вели дека Богоевски како дипломиран криминолог треба да знае дека објавување на идентитет на осомничени лица е флагрантно кршење на основните човекови права, а посебно на презумцијата на невиност, односно дека секој човек е невин се додека не се докаже неговата вина.

Пратеникот Богоев истакнал дека не прекршил никаков закон со објавување на сликата, но етиката и моралот како што кажа Гетева се прашање на едно друго време. Но, некој секако прекршил закон со тоа што го сликал Чавков во судница.

Емисијата „Несомнено“ излезе со став побаран од Основниот Суд Скопје 1 , во кој се вели:

– Фотографијата како што и од нејзе може да се забележи не потекнува од безбедносните камери во судот, туку потекнува од некое несовесно лице кое успеало да фотографира во судницата, со оглед на тоа што денес во судницата освен осомничените лица имаше и адвокати и полициски службеници задолжени за безбедност, а судот е орган кој што може да врши истрага и да утврди како е направена и објавена фотографијата. Во секој случај како Основен суд Скопје 1 Скопје стоиме на ставот дека е недозволиво во јавноста да протекуваат фотографии од судница или било која просторија од судот во која во моментот не се држи било какво јавно судење и со соодветно решение не е дозволено снимање. Судот ќе соработува со органите доколку се јави потреба од истражување на овој случај.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This