April 19, 2024, 11:58 am

ШАМАР ОД ЦИПРАС: Шамар за Македонија од Ципрас, решението за името мора да биде ЕРГА ОМНЕС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ципрас на заедничката прес конференција со Заев истакна дека доколку Македонија сака да напредува во кандидатурата за членство во ЕУ и НАТО мора да го промени името, а формулата да биде ЕРГА ОМНЕС. Тоа значи дека името ќе мора да се промени и за внатрешна и за надворешна употреба со промена на уставот.

Ципрас вели ,, Мораме да најдеме решение на сите отворени прашања така да како што нашата соседна држава посакува да напредува во кандидатурата за членство во ЕУ и НАТО. Особено разјаснив и потенцирав дека мораме да најдеме меѓусебно прифатено решение ЕРГА ОМНЕС и во оваа рамка се договоривме да ги интензивираме преговорите кои се случуваат под закрила на ОН со цел да постигнеме решение за името’’.

Заев веднаш по излагањето на Ципрас потврди дека разговорите ќе се интензивираат, а ќе ги превземат министрите за надворешни работи на двете држави под покровителство на владите. Ова значи дека досегашниот преговарач Наумовски повеќе нема да биде дел од преговарачкиот процес.

,,Покажавме во минатото кога двете земји имаа сериозни предизвици дека можеме да работиме заедно за меѓусебен интерес. Ние како премиери имаме политичка визија и волја и одговорност да работиме за надминување на долгогодишниот билатерален спор. Тој веќе трае 25 години редно време е да се изнајде решение. Бидејќи тоа е клучно за нашите ЕУ и НАТО перспективи’’ додаде Заев.

22 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This