„ШАРЕНИТЕ“ СЕ ЖАЛАТ ОД ЗАЕВ: Би сакала денес Заев да ме праша дали сум добро, се одлуѓивте!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од најактивите учесници и гласноговорници на Шарената револуција, актерката Симона Спировска со укорувачки статус на својот Фејсбук профил му се обрати на премиерот Заев:

Деновиве многу често мислам на денот кога го запознав Заев.
Си го мислам тој ден заради едно негово прашање.
ИМЕНО, се запознавме на првата донаторска забава во Излет. И додека другите присутни политичари се обидуваа да бидат забележани,(многу сомови беа присутни, а се разбира и Љубирук Поповиќ беше), Заев не’ праша: Деца како сте?
Тоа беше така човечно во таа натртена атмосфера, што звучеше неверојатно,дури збунувачки.

 

Тогаш бев добро, ама стварно добро. Не се чувствував нит изложено, нит пак чувствував некаква закана и покрај тоа што режимот уште клоцаше.

Би сакала денес да ми го постави истото прашање, за да му кажам дека не сум добро. Дека се чувствувам одвратно. Нека ме праша и зошто, за да го потстетам дека коалицира со гомнарот заради кој со години страда цела етничка група. Да го потсетам што значи среден прст.
И да го потсетам на ветувањето кое ни го даде со тоа прашање пред две години. Тоа беше прашање на некој кој би ти ја ветил целата сигурност и правдина на овој свет.
Не жалам ниту за еден поминат ден на улица(тоа и онака не е завршено),ама жалам што ми ги потрошивте другарите во вашите зделки!
Јас разбирам дека ова е политика, ама дај разберете вие што е образ. Дај разберете што е пазарење со култура, со образование, со здравство. Ме заболе за вашите приоритети. Се одлуѓивте!

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This