ШЕСТ МЕСЕЦИ НЕЗНАЕЊЕ, НЕСПОСОБНОСТ И УНАЗАДУВАЊЕ: Горан Трајковски покажа дека неговата примарна цел не е работење во корист на граѓаните и Општина Делчево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

6 месеци СДСМ во Делчево, се 6 месеци незнаење, неспособност и уназадување. Општината стагнира со Горан Трајковски и неговите сопартијци, кои во недостаток на проекти и идеи се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Трајковски како градоначалник немаат направено ништо за Делчево. СДСМ и Трајковски ги претставуваат проектите на ВМРО-ДПМНЕ како свои.

Филтер станицата на брана Лошана е проект кој е започнат да се работи уште во 2011 година и макотрпно е работено на неговата имплементација 7 години, пред помпезното потпишување на Договорот за обезбедување на финансиската конструкција за конечна изградба на самата филтер станица. А токму овој чин беше блокиран од страна на политичката криза која ја наметна лидерот на СДСМ, Зоран Заев за сега г-динот Трајковски лажно и без никаква доза на политичка присутност да го претставува овој проект за свој.

Пешачкиот мост на река Брегалница е исто така проект инициран и развиен од страна на претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за кој апелираме да биде внимателно финансиски буџетиран за да не се појави Буџетска дупка при спроведувањето на тендерската постапка.

Регулацијата на река Брегалница, повторно иста лага и приказна за мали деца.

Случајот со капелата е исто така проект започнат од претходниот градоначалник на Делчево.

За улиците Светозар Марковиќ, Питу Гули, и Маршал Тито чија што имплементација започна уште во 2016 година лагите се уште поголеми. Овде дополнително г-динот Трајковски ги лаже делчевчани дека тој ги плаќа градежните работи за реконструкцијата затоа што овие проекти се финансирани од Светска Банка а Градоначалникот на Општина Делчево само врши едноставен трансфер од посебното Буџетско конто на парите обезбедени од оваа меѓународна финансиска институција. Истовремено апелирам грижливо да се води сметка за запазување на техничката спецификација на квалитетот на градежни материјали кои се користат при реконструкцијата. Овде ќе запрашам зошто повеќе од 6 месеци се одлага реконструкцијата на улицата Маршал Тито во центарот на Делчево, а граѓаните се уште мораат да возат низ огромните нерамнини кои ги има на оваа делница, при обезбедени пари за реконструкцијата. Дали и тоа е резултат на вашата неспособност г-дине Трајковски?

Плаќањето на паушалите за советниците г-дине Трајковски не е капитална инвестиција, туку тековна обврска.

Горан Трајковски покажа дека неговата примарна цел не е работење во корист на граѓаните. Тој покажа дека СДСМ се уште не излегле од својата матрица на ароганција, омраза и омаловажување.

Трајковски по примерот на неговиот партиски шеф, аболицираниот криминалец Зоран Заев лаже и манипулира. Тој своето обраќање го сведе под ниво на просечен партиски портпарол, споменувајќи ја мојата поблиска фамилија и фамилијата на мојата сопруга, мојот покоен татко со сточарство се занимаваше цели 50 години од неговиот живот и важеше за чесен,искрен, вреден граѓанин на Општина Делчево кој се што стекнал во животот го стекнал со пот и мака. На мене ми оставил аманет да чесно го заработувам секој денар па макар да работам и земјоделие. Моето домашно воспитување и политичка зрелост не ми дозволува во ова прес – конфернција да ги споменам на аферите на вашата фамилија и фамилијата на вашата сопруга, но граѓаните знаат.

Апелирам г-дине Трајковски да ја надминете вашата ароганција, самобендисаност и партиска ограниченост и да започнете со конкретна работа за подобрување на животниот стандард на сите граѓани на Делчево. Наредните три ипол години не смеат да бидат загубени како последните 6 месеци од Вашата безидејност и незнаење.

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тука и ќе ги корегира сите ваши погрешни политики и ќе нуди решенија за Вашето незнаење и неспособност, со основна цел за подобрување на животот на делчевчани.

 

Драган Христов: Трајковски да ја надмине својата ароганција, самобендисаност и партиска ограниченост и да започне со конкретна работа

Почитувани,6 месеци СДСМ во Делчево, се 6 месеци незнаење, неспособност и уназадување. Општината стагнира со Горан Трајковски и неговите сопартијци, кои во недостаток на проекти и идеи се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ и Трајковски како градоначалник немаат направено ништо за Делчево. СДСМ и Трајковски ги претставуваат проектите на ВМРО-ДПМНЕ како свои.-Филтер станицата на брана Лошана е проект кој е започнат да се работи уште во 2011 година и макотрпно е работено на неговата имплементација 7 години, пред помпезното потпишување на Договорот за обезбедување на финансиската конструкција за конечна изградба на самата филтер станица. А токму овој чин беше блокиран од страна на политичката криза која ја наметна лидерот на СДСМ Зоран Заев за сега г-динот Трајковски лажно и без никаква доза на политичка присутност да го претставува овој проект за свој.-Пешачкиот мост на река Брагалница е исто така проект инициран и развиен од страна на претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за кој апелираме да биде внимателно финансиски буџетиран за да не се појави Буџетска дупка при спроведувањето на тендерската постапка.-Регулацијата на река Брегалница, повторно иста лага и приказна за мали деца.-Случајот со капелата е исто така проект започнат од претходниот градоначалник на Делчево.-За улиците Светозар Марковиќ, Питу Гули, и Маршал Тито чија што имплементација започна уште во 2016 година лагите се уште поголеми. Овде дополнително г-динот Трајковски ги лаже делчевчани дека тој ги плаќа градежните работи за реконструкцијата затоа што овие проекти се финансирани од Светска Банка а Градоначалникот на Општина Делчево само врши едноставен трансфер од посебното Буџетско конто на парите обезбедени од оваа меѓународна финансиска институција. Истовремено апелирам грижливо да се води сметка за запазување на техничката спецификација на квалитетот на градежни материјали кои се користат при реконструкцијата. Овде ќе запрашам зошто повеќе од 6 месеци се одлага реконструкцијата на улицата Маршал Тито во центарот на Делчево а граѓаните се уште мораат да возат низ огромните нерамнини кои ги има на оваа делница, при обезбедени пари за реконструкцијата. Дали и тоа е резултат на вашата неспособност г-дине Трајковски?Плаќањето на паушалите за советниците г-дине Трајковски не е капитална инвестиција, туку тековна обврска.Горан Трајковски покажа дека неговата примарна цел не е работење во корист на граѓаните. Тој покажа дека СДСМ сеуште не излегле од својата матрица на ароганција, омраза и омаловажување.Трајковски по примерот на неговиот партиски шеф, аболицираниот криминалец Зоран Заев лаже и манипулира. Тој своето обраќање го сведе под ниво на просечен партиски портпарол, споменувајќи ја мојата поблиска фамилија и фамилијата на мојата сопруга, мојот покоен татко со сточарство се занимаваше цели 50 години од неговиот живот и важеше за чесен,искрен, вреден граѓанин на Општина Делчево кој се што стекнал во животот го стекнал со пот и мака. На мене ми оставил аманет да чесно го заработувам секој денар па макар да работам и земјоделие. Моето домашно воспитување и политичка зрелост не ми дозволува во ова прес – конфернција да ги споменам на аферите на вашата фамилија и фамилијата на вашата сопруга, но граѓаните знаат.Апелирам г-дине Трајковски да ја надминете вашата ароганција, самобендисаност и партиска ограниченост и да започнете со конкретна работа за подобрување на животниот стандард на сите граѓани на Делчево. Наредните три ипол години не смеат да бидат загубени како последните 6 месеци од Вашата безидејност и незнаење.ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тука и ќе ги корегира сите ваши погрешни политики и ќе нуди решенија за Вашето незнаење и неспособност, со основна цел за подобрување на животот на делчевчани.

Posted by ВМРО ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО on Friday, May 4, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This