ШЕФОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА НА РУЧЕК СО МОГЕРИНИ: На работниот ручек се разговарало за европската перспектива и политичкиот терор во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Политичкиот терор е широко застапен и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокот на демократски амбиент е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

На средбата се разговараше за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци.

-Претседателот Мицкоски истакна дека Европската Унија и е потребна на Република Македонија како начин за подигнување на стандард на граѓаните, повисок квалитет на живеење и споделување на заедничките вредности. На тој план ВМРО-ДПМНЕ даде свој придонес давајќи суштински забелешки кои беа инкорпорирани во реформските закони кои беа донесени, со што партијата се вoдеше од државните интереси и интересите на граѓаните кои за ВМРО-ДПМНЕ се на прво место, информираат од партијата.

Мицкоски изразил загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвараат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки преставници на власта.

-Политичкиот терор е широко застапен и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците, притисоците врз медиумите и недостатокот на демократски амбиент е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да го продолжи патот кон Европската Унија, се до нејзино целосно интегрирање, а за тоа е клучна и поддршката од пријателите од Европската Унија кои мора одблиску да ги мониторираат процесите и волјата на владата да работи на надминување на нотираните забелешки во Извештајот на ЕК.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This