ШИЛЕГОВ ИСПРАТИЛ И ДВОКАТЕН АВТОБУС: На чочеците во тунелот кај Демир Капија, Шилегов испратил и двокатен автобус полн со сопартијци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов испратил двокатен кинески автобус на отворањето на автопатот Демир Капија-Смоквица (Види видео 1). Да биде иронијата најголема на свет, и двете инвестиции се на минатата Влада на Никола Груевски. За што е веселбата !? За што се баханалиите ? Која е улогата на СДСМ во отворањето на автопатот, имаат ли воопшто улога ?! А и зошто се веселат и трошат пари на настан кој е платен и преплатен од даночни обврзници, од сите нас, а и кога се знае дека секој петти Македонец во државава е сиромашен, според последните вчерашни податоци, пишува новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот сајт.

Тоа е истиот автобус на кој пристигнаа шампионите на Вардар во државава, а Шилегов го испратил на веселба на сопартијци и тоа за автопат кој го изгради екс премиерот Груевски.

На второто видео може да се види свадбарска веселба на вториот кат од автобусот, приватна журка поточно кажано, иако автобусот е имот на Град Скопје и скопјани, а не лично негови. (Види видео 2)

На третата снимка може да се погледне директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, како лепи пари на музиката, која ја поканиле на отворањето на тунелот од автопатот. (Види видео 3)

СДСМ, дали е ова е вашиот начин на владеење ? Ефтин, без поента и без никаква логика? Вие не сте никаква арија, вие сте СДСМ-шунд и турбо фолк. Дали трошите ваши пари или наши ? Дали сте свесни дека откога сте дојдени на власт не сте излезени од кафеани и од турбо фолк рамка ? Ништо не работите, ништо не градите, трошите за ваши луксузи ,,шаком и капом”, а и ве сликаат постојано во пози кои се недостоинствени за функционери. Вие сте едно големо промашување ! Едно големо ништо, неизживеани и мали луѓе, на кои сепак најдобро им беше во опозиција. Барем бевте мирни и не доаѓаа до израз вашите ниски страсти, пишува Јоци.

Текстот можете да го прочитате на овој линк.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This