Шилегов и Богдановиќ коваат план да ја рушат терасата на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска најави дека од понеделник ќе биде организирана средба во Град Скопје, со градоначалникот Петре Шилегов, на која ќе се разговара за спорната тераса од седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според Богдановиќ претходната власт во Град Скопје се обидуваше да докаже дека терасата не е тврда градба, а за, рече, тоа беа менувани дури и одредби во Законот за градење.

-Се што е незаконско изградено ќе биде отстрането. Општина Центар е единствената општина која што го нема во владение неизграденото градежно земјиште. Во разговори сме со Министерството за транспорт и врски и очекуваме од 2018-та година да располагаме со ова земјиште, за да може да се градат нашите ветени и предвидени проекти – рече Богдановиќ.

Општина Центар, рече, врши комплетна ревизија и проверка на неколку објекти и споменици од проектот “Скопје 2014“. Меѓу нив, како што најави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната средба со новинарите, се споменикот на Ќосето, за кој се проверува дали има одобрение за градба, Мајка Тереза, Градската куќа заедно со хотелот кој се гради и мостот “Око“. Општина ова го прави во соработка со ОЈО, МВР и СЈО.

-До последен милиметар ќе се испитува што и како е градено, како е продавано дел од земјиштето. Во комисијата се вклучуваат и правници и урбанисти и стручни лица за јавни набавки. Веќе до некои сознанија ќе дојдеме многу брзо, до крајот на годината, а некои, кои што ќе се комплексни, ќе почнат по Нова Година. Досега, се ова одеше бавно бидејќи се она што се доставуваше како сознаније или изготвена ревизија од општина Центар, во обвинителството се оставаше во фиока. Сега се надевам работите ќе одат многу побрзо и поефикасно – рече Богдановиќ.

За катната гаража “Никофон“ има две кривични пријави за екс министерот Миле Јанакиески и неговиот наследник, но ништо не е преземено. Центар планира ова да остане паркинг, бидејќи со она што го туркаше претходната централна власт, беа оштетени и општина Центар и граѓаните.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This